Куманово: Нови семафори никнаа на булеварот „Октомвриска револуција“

 

Нови семафори наскоро ќе бидат поставени на раскрсницата помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пионерска“ во Куманово.

 Планирано е да се постават осум вертикални семафори и четири полупортални семафорски столбови. Поставувањето на семафорите значително ќе ја подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот во овој дел од градот кој е мошне фрекфентно место и кое што е густо населено со претежно станбени објекти, вели раководителот на Секторот за информирање и односи со јавност од општина Куманово, Дарко Станојковски.

Вредноста на набавката е 4,5 милиони денари без ДДВ.

21.01.2014 - 15:17
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега