ВИДЕО: Еве што мисли вистинскиот волк за "Волкот од Волтстрит"

Филмот "Волкот од Волтстрит" кој е во режија на Мартин Скорсезе е снимен според вистинската животна приказна на Џордан Белфорт, човекот кој на свои 26 години станал мултимилионер.

Белфорт за Си-Ен-Ен го даде своето интервју каде изјави дека бил воодушевен од тоа како Ди Каприо успеал да го улови неговиот лик, а воедно и целиот филм го критикува позитивно.

„Откако го изгледав филмот, останав без зборови. За мене сето ова е поинакво искуство отколку за публиката. Јас се помирив со своето минато, напишав книга и тоа за мене претставуваше катарза. Но, кога ќе се види сето тоа на екран, со некој кој добро си ја врши својата работа, буквално се испотив во некои моменти. Кога шмркав кокаин, имав интензивни реакции на сето тоа“, вели Белфорт.

21.01.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега