Пожар во гимназијата во Ростуше - мештаните и полицијата спречија од неа да остане само пепел

 

Брзата интервенција на неколку мештани и полицијата спречи од средното општинско училиште во Ростуше да остане само пепел. Според податоците, пожарот избувнал на кровната конструкција, а за среќа со брзата интервенција набрзо бил локализиран и изгаснат, а повредени лица нема.

Засега не е познато од кои причини настанал пожарот. Опожарувањето не предизвикало посериозни последици и за среќа настанало во време кога наставата била завршена, а учениците и наставниците заминале дома.

Пожарот бил изгаснат за неполн час.

20.01.2014 - 16:16
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега