БиХ има најголем број на политички партии во регионот

Од Централната изборна комисија велат дека во БиХ моментално постојат 183 политички партии , а од изборите спроведени во 2010 година од судскиот регистер се избришани дури 77 партии.

Оваа бројка ја прави Босна и Херцеговина рекордер во регионот според бројот на регистрирани политички партии, но во овој момент не е можно да се предвиди колку од нив ќе се натпреваруваат на општите избори, најавени за октомври, бидејќи дел од партиите постојано се гаснат, додека други се формираат.

 

Според достапните податоци по БиХ најмногу партии во регионот има Хрватска, 122, следат Србија со околу 90, Македонија со 53, Црна Гора со 45, додека во Словенија има 30. 

20.01.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега