Коментаторот Бјорн Арнарсон направи скандал на натпреварот Исланд-Австрија

 

Коментаторот на националната телевизија Исланд RUV Бјорн Браги Арнарсон направи неверојатен скандал на преносот за време на натпреварот  Исланд-Австрија на ЕП во ракомет во Данска.

Коментаторот после првото полувреме, додека неговата селекција била убедливо во предност со 17:9 изјавил:

„Исланд е како нацистите во 1938 година. Да ги заколеме Австриците!“.

Оваа реченица предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Уредниците на националната телевизија RUV по завршетокот на натпреварот се извиниле за оваа вулгарност.

20.01.2014 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега