Македонијо гласај: Даниел Кајмакоски сепак не е прв фаворит на "Икс-Фактор"
Нашиот неверојатно талентиран и скромен натпреварувач во "Икс-фактор", Даниел Кајмакоски, кој ги освои симпатиите на целиот Балкан, изгледа сепак според бројот на гласови не е прв фаворит. Според информациите до кои дојде Тв Пакет, најголем број на гласови во музичкото шоу има Илма Карахмет.
Меѓу фаворитите на музичкото шоу се и групата Доктори, Лукијан Ивановиќ, и нашиот Даниел. Според неофицијалните податоци на Твпакет, Илма или Лукијан билe први според бројот на гласовите.
Македонците ќе мора многу повеќе да гласаме за нашите натпреварувачи. Како што веќе претходно објавивме, МБК Продукција и Сител ТВ им овозможија на гледачите во Македонија, од овој вторник цената за една порака за гласањето да изнесува 23,6 денари со вклучен ДДВ, наместо досегашните 41,3 денари со вклучен ДДВ. Затоа, Македонијо гласај за нашите натпреварувачи бидејќи дефинитивно заслужуваат да одат понатаму во Икс-фактор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа