Украл автомобил, направил сообраќајка, испратил двајца во болница - беснеење низ Скопје втор дел

Налутен маж вчера предизвикал вистински хаос на скопските улици.

Како што информираат од полицијата, драмата започнала кога бесен скопјанец кој се карал со млада девојка, насилно го извадил 29 годишниот скопјанец Н.С. од неговата „Тојота Авенсис“, ја внел девојката со која се расправал внатре и избегал. Кратко подоцна, близу студентскиот дом „Гоце Делчев“, бесниот скопјанец удрил во возило „ФОрд Фокус“ управувано од тетовчанец, но, и ова не го запрело неговото беснеење, па повторно избегал.

Тетовчанецот кој го управувал Фордот и неговиот сопатник биле пренесени во болницата „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди.

 По кратко време, на булеварот „Октомвриска Револуција“  полициските „Алфи“ ги уловиле скопјанецот и девојката. Станува збор за С.Д.(27) и Ш.Д.(31) од Скопје.  По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок. 

20.01.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега