Французите протестираат против законот за абортус
Неколку илјади лица денеска протестираа во Париз против плановите на француската Влада за измени на законот, со што ќе се овозможи предвремен прекин на бременоста,.
На овој „марш за животот“, како што го нарекуваат според податоците на полицијата, присуствувале 16.000 лица, а организаторите велат дека присутни биле дури 40.000 лица.
Со извиците „Да, за животот“ и „Вива Еспања“, учесниците на протестот, организиран од повеќе десничарски верски здруженија, сакаа да ја поздрават иницијативата на Шпанија која неодамна го укина правото на абортус. Но, противниците на абортусот во Франција протестираа пред се против намерата на Владата во Париз, според нив, да се „банализира“ ова право.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа