ВИДЕО: Чешкиот претседател, пијан или болен? - оценете сами

 

Иако не е тајна да чешкиот претседател Милош Земан има желба за една чашка повеќе, неговото однесување на една минатонеделна свеченост кога паѓаше и се ослонуваше на ѕидот додека кардиналот го придржувал, предизвика осуда и потсмев во јавноста, а претседателскиот кабинет тоа го оправда како последица на вирус. Снимката на свечената церемонија претставува во Владиславската сала во Стариот кралски дворец, на кој се гледа како Земан едвај стои на нозе, по што крена бура на потсмев на друштвените мрежи. Кабинетот реагираше со соопштение дека Земан едноставно имал вирус и дека се чувствувал лошо и дека морал да одмори ден два. 

Чесите инаку познато по тоа што најмногу пијат по глава на жител во светот, на своите фејсбук профили поставиле слики на кои се гледа како седат во баровите и пијат, а на истите напишале слогани „Еве добивам и јас вирус“, или „Отидов на вирус“. 

 

најчитано сега