Гневен стружанец урлаше на сред улица - со боксови го “реши“ муабетот со полицијата

 41-годишниот стружанец А.А. си заработи кривична пријава заради основано сомнение дека извршил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

Според портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, инцидентот се случил на 18-ти јануари околу 14 часот во центарот на Струга.
 
- Полициски службеник вршејќи контрола на сообраќајот прописно сопрел  патничко моторно возило марка „Цитроен-Ц 5“ со скопски регистарски таблици и од возачот побарал возачки документи. Во следниот момент, вербално реагирал пријавениот А.А. кој бил сопатник и на полицискиот службеник на висок тон му се обратил, велејќи му дека нема потреба од контрола бидејќи возилото било службено, вели Димоски за МИА.  

А.А. уште повеќе се згневил кога полицаецот продолжил со службените активности, па излегол од возилото и физички го нападнал полицаецот, удирајќи го со рака по лицето. Полицаецот заработил расекотини и црвенило.

А.А. веднаш бил повикан во полициската станица во Струга.

20.01.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа