Владата го објави огласот за вработување 80 лица на високи државни раководни позиции
Владата го објави огласот за вработување 80 лица на високи државни раководни позиции и функции.
Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат за одредена позиција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата, а од нив се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование, да ги поддржуваат политиките на Владата на РМ и да познаваат англиски јазик.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: мотивациско писмо од најмногу 500 зборови во кое задолжително ќе пишува за која позиција кандидатот аплицира, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни, препораки, уверенија за познавање на странски јазик и фотографија, како и пополнета веб апликација која може да се најде на веб страната на Владата на РМ, а огласот трае до 31 мај.