Такрар: Планирани се нови вработувања во Џонсон Мети

Условите што се нудат во Македонија се добри, одвреме на време се појавуваат проблеми но заедно со македонската влада ги решаваме, вели извршниот директор на Џонсон Мети во Македонија, Џатин Такрар во интервју за Економски.

Такрар вели дека е вториот погон кој беше отворен во индустриската зона Бунарџик, бележи голем успех.

- Во 2012 баравме проширување и решивме врз основа на нашиот успех во Македонија а тоа е голем успех, сите се задоволни од постигнатото од нашата прва инвестиција во Групацијата во Џонсон Мети. Ни требаше дополнителен капацитет во Европа. Минатата година ги направивме повеќето активности, ја изградивме фабриката сега е целосна, има две производни линии од првата инвестиција, линија 1 и 2 , а во новиот капацитет има дополнителни две линии, линија 3 и линија 4. Линијата 3 е целосно оперативна а линијата 4 планираме да ја пуштиме во употреба  наредната година, вели Такрар за Економски.

Такрар вели дека 2013-та година ја завршиле со околу 6 милиони евра обрт, што е малку повеќе од планираното. Тој во интервјуто за Економски најавува вработување на нови 150 луѓе.

-Мoментално имаме вработено 500 луѓе но планираме да вработиме до 650 луѓе. Тоа ќе се случи во следните две години.Веќе ангажиравмe за дополнителните две линии во минатата година, ангажиравме авто инжењери, хемиски инжењери и хемичари, луѓе на кои им треба дополнителна обука за специфичната работа која се извшрува овде во Џонсон Мети, вели Такрар.

Според првиот човек на Џонсон Мети во Македонија, компанијата е задоволна од бизнис условите што се нудат во Македонија.

-Се на се задоволни сме од условите, бидејќи ако ги погледнете нашите постигнувања од почетотокот, нарачките на клиентите, задоволството на клинетите, задоволството на вработените од ангажманот, посветеноста, се на се резултатите се одлични. Тоа е успешна приказна за нас. Мислам дека така е и со секоја друга инвстиција во Македонија. Од време на време постојат проблеми кои се во делот на процедурите и барањата, но постои дијалог со Владата каде инвеститорите се во постојан контакт со Владата со цел да се подобри работата. Се што ќе се подобри не е само за странските инвесттори туку за целата бизнис клима во земјата. Мислма дека тоа емногу важно, вели Такрар за Економски.

 

20.01.2014 - 10:51
Фото: 
Економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа