Првото вештачко срце успешно чука
Откако поминаа триесет дена од вградувањето на првото вештачко срце во светот, кое француските хирурзи го пресадија на 75-годишен човек, лекарите изјавиле дека нема никакви проблеми.
- Поминаа 30 дена од имплатацијата, без никакви проблеми со протезата, што е еден од критериумите за успешност на операцијата, изјави професорот Кристијан Латремуј, кој го оперираше пациентот во болницата „Жорж-Помпиду“ во Париз.
Тој додава дека болницата ќе одбира уште тројца други пациенти на кого му е потребно вештачко срце.
- Сега имаме пациент, кој преживеа без проблеми 30 денови од операцијата и го правиме изборот за следните тројца пациенти,рекол Латремуј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа