Денес почнува 66. филмски фестивал во Кан
Шеесет и шестиот филмски фестивал во Кан ќе започне денеска со адаптација на филмот „Големиот Гетсби“ на австралискиот режисер Баз Лахрман со Леонардо Ди Каприо во главната улога. Исиот ќе се затвори на 26 мај со филмот „Зулу“ во режија на Џером Сали.
Главната награда „Златна Палма“ ќе биде доделена на еден од 20-те филмови.
Жирито го предводи американскиот филмски режисер и продуцент Стивен Спилберг, а освен него, членови се индијската актерка Видја Балан, јапонската продуцентка Наоми Кавас, австралиската актерка Никол Кидман, францускиот продуцент и актер Дениел Аутел, британската продуцентка Лин Ремси, како и прудуцентот Енџ Ли и романскиот продуцент и режисер Кристијан Мунгиу, како и австрискиот актер Кристофер Валц.
По црвениот килим на фестивалот ќе прошетаат Мајкл Даглас, Мет Дејмон, Рајан Гослинг, Ема Вотсон, Стивен Спилберг, Никол Кидман, боливудскиот ветеран Амитаб Бахчан и други познати личности.
Зад кулисите, околу 40.000 филмски професионалци ќе се обидат да ги откупат и продадат новите хитови на најважниот филмски пазар на годината.
Покрај филмот „The Great Gatsby“ во конкуренција на долгометражните филмови се филмовите: Un Chateu en Italie (Валерија Бруни Тедески), Inside Llewyn Davis (Итан Коен и Џоел Коен), Michael Kohlhaas (Арно дес Паљирес), Jimmy P. (Арно Дисплечин), Heli (Амат Ескаланте), Le passe (Ашкар Фархади), The Immigrant (Џејмс Греј), Grigris (Махамат Сале Харун), Tian Zhu Ding (Џиа Жангке), Soshite Chichi Ni Nary (Кор Еда Нироказу, La Vie D'Adele (Абдељатиф Качиче), Wara No Tate (Такаши Мик) Jeune en Jolie (Франсис Озон), Nebraska (Александар Пејн), La Venus a la Fourrure (Роман Полански), Behind the Candelabra (Стивен Содерберг), La Grande Bellezza (Паоло Сорентино), Borgman (Алекс Ван Вармердам), Only God Forgives (Николас Вајндинг Рефн).