Лазаров во болки - вчера не тренирал

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван вели дека се надева оти Велко Маркоски и Гоце Ојлески ќе бидат подготвени да играат на денешниот натпревар против Исланд и покрај повредите кои ги претрпеа во саботата.

Со проблеми се соочува и капитенот Кирил Лазаров, кој не се појавил на вчерашниот тренинг поради болки во препоната на десната нога. Тој верува дека ќе може да ја предводи репрезентацијата во обидот да се освојат прите бодови во втората фаза од Европското првенство.

Натпреварот против Исланд стартува денеска во 16 часот.

20.01.2014 - 09:47
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега