Српски „Блиц“: Кајмакоски освојувал неверојатни 60 % од сите пристигнати гласови!
Како што објавува српски Блиц кој се повикува на блиски извори на Икс Фактор пишува дека доколку продолжи публиката да гласа како до сега , Даниел Кајмакоски би бил најверојатно првиот победник на балканското музичко шоу.
- Даниел во досегашните емисии освојувал неверојатни 60 отсто од сите пристигнати гласови, додека останатите учесници ги делат другите 40 отсто. На овој однос не влијае ни намалениот број на учесници. Доколку не направи нешто што би го свртеле расположението на публиката, неговиот пат до победата ќе биде лесен, вели добро информиран извор на кој се повикува српски „Блиц“.Продуцентите на „Икс фактор“ не сакале да ги коментираат сознанијата на „Блиц“. „Немаме коментар“, изјавиле кусо од ПР службата на емисијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа