Албанија за седум години добила 600 милиони евра од ЕУ

ЕУ и доставила 600 милиони евра на Албанија во изминатите седум години, изјави амбасадорот на Унијата во Тирана, Еторе Секуи. 

Тој истакна дека Брисел има желба тие пари да бидат искористени продуктивно од различни фондации во земјата. 

Амбасадорот на ЕУ нагласи дека годишно на Албанија и се доставуваат околу 85 милиони евра. 

- Знам дека тоа не е доволно, но сепак тие средства се важни, бидејќи доаѓаат од државите-членки на ЕУ, нагласи Секуи.

Тој напомена дека освен програмите за соработка меѓу Тирана и Брисел има и билатерални програми на пример со Италија, Германија и Швајцарија. 

20.01.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега