Русија му помогнала на Сноуден да ги украде дoкументите од НСА?

Едвард Сноуден можно е од самиот почеток да бил помаган од руската разузнавачка служба, тврдат американски конгресмени и сенатори.

Во изјава за Ен-Би-Си, претседавачот со Одборот за разузнавачки работи во Конгресот, Мајк Роџерс, го нарече Сноуден „крадец кој имал помош однадвор кога изнесувал документи од НСА“.

Сличен став зазедоа и неговата колешка од Сенатот Дајан Фајнстајн и конгресменот Мајкл Мекол кој го води Одборот за државна безбедност. Тие наведоа дека можно е Русија да му помогнала на Сноуден во кражбата на документи од НСА.

– Тој е крадец и веруваме дека работел со нечија помош. Сноуден не случајно со радост беше дочекан во Москва. Потребно е да се дознае повеќе за тоа и не е случајно што ФСБ е вмешана во неговото доаѓање, оцени Роџерс.

20.01.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа