Обама: Не мислам дека марихуаната е поопасна од алкохолот

"Јас пушев марихуана како мал, и мислам дека е лоша навика и порок, но не е многу поинаква од цигарите кои ги пушев во најголем дел од животот. Не мислам дека марихуаната е поопасна од алкохолот", изјави американскиот претседател Барак  Обама во разговор со списанието Њујоркер.

Обама воедно обвинува за расизам во спроведувањето на забраната на користење на марихуаната.

"Децата од средна класа не одат во затвор за пушење марихуана, додека сиромашните деца одат. А, Афроамериканските и Латиноамериканските деца почесток се сиромашни, и ги немаат ресурсите потребни за да ги избегнат долгите затворски казни", вели Обама.

Дваесетина американски држави дозволуваат користење на марихуаната и за медицински потреби, за лица кои ќе донесат лекарска потврда дека имаат болки кои би се ублажиле од користењето на оваа дрога.

20.01.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега