Повреден патник при судир на две такси возила во Скопје

Утрово се судрија две такси возила кај главната пошта во центарот на Скопје, пренесе Нетпрес.

Двете такси возила се судриле на раскрсницата пред мостот Гоце Делчев кај главната зграда на „Македонски пошти“ во центарот на Скопје утрово во 10 часот и 45 минути, при што еден патник е повреден и веднаш со возило на Брза помош пренесен во Ургентниот ценатр во Скопје.

 Поради сообраќајката сообраќајот не може да се одвива во овој дел од градот.

најчитано сега