Две недели пред Конгресот СДСМ ги менува делегатите

 

Не две недели пред Конгресот на најголемата опозициска партија во СДСМ се менуваат делегати. Како што дознава Press24 од партиски извори, вчера на сеница на општинскиот одбор на СДСМ во општина Карпош, биле сменети двајца делегати. Нашите извори велат дека станува збор за луѓе кои му биле блиски на актуелниот градоначлник на Карпош Стевчо Јакимовски. Со седницата на општинскиот обор раководел Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров кој на лоакалните избори доживеа катастрофален пораз во неговата општина, токму од Стевчо Јакимовски. 
Press24 се обиде да ја провери информацијата кај Андреј Петров но генералниот секретар на СДСМ не се јавуваше на својот телефон. 
Конгресот на СДСМ е закажан за 2 јуни. 705 делегати ќе треба да решат, кој ќе биде новиот претседател на партијата, доколку Црвенковски остане на ставот, дека нема да бара нов мандат од делегатите

најчитано сега