Првото вештачко срце чука без никакви проблеми

 

Eден месец откако хирурзите во Франција му пресадија вештачко срце на 75-годишен Французин, тие констатирале дека нема никаков проблем.

„Поминаа 30 дена од имплатацијата, без никакви проблеми со протезата, што е еден од критериумите за успешност на операцијата“, изјави вчера професорот Кристијан Латремуј, кој го оперираше пациентот во болницата „Жорж-Помпиду“ во Париз.

Латремуј ова го изјави во Париз на 24. Европски денови на француското Здружение на кардиолози, кои се одржаа од 15 до 18 јануари.

 „Сега имаме пациент, кој преживеа без проблеми 30 денови од операцијата и го правиме изборот за следните тројца пациенти“, додаде Латремуј.

19.01.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега