Завршила ли Северина средно училиште?
Како што пишува српски Курир, популарната пејачка Северина Вучковиќ завршила само основно училиште.
Хрватската ѕвезда се запишала во средното музичко училиште Јосип Хатзе во Сплит но набрзо го напуштила, така што денеска има само основно образование. Таа за тоа не зборувала во медиумите, веројатно за да го избегне срамот.
-Да Северина навистина одеше во нашето училиште, и мислам дека речиси стигна до крајот, но не заврши. Тоа подобро ќе ви го кажат во админстрација – изјавило лице кое работело во училиштето, и потоа ги упатило новинарите на госпоѓата од администрацијата.
И менаџерот на Северина Томица Петровиќ молчи за образованието на најпознатата Хрватица.
-Имате во повеќе нејзини интервјуа одговори на таа тема, па слободно пренесете, – им пишал Петровиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа