Изгаснати се поголеми дел од пожарите во Австралија

Намалувањето и температурите и менувањето на правецот на ветерот им помогна на австралиските пожарникари да ги изгаснат повеќето од пожарите, кои веќе една недела беснеат во Јужна Австралија. 

Промената на насоката на ветерот го поштеди гратчето Холс Гап во сојузната држава Викторија, каде беа евакуирани стотици жители.

Во Јужна Австралија продолжуваат да беснеат пет големи пожари, но пожарникарите нагласуваат дека ќе се справат со нив. 

Властите во Викторија сепак ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи наскоро не се очекуваат дождови.

19.01.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега