Претседателот Иванов го честита празникот Богојавление-Водици

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници по повод денешниот празник Водици.

- Одбележувајќи го денот кога свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан го славиме нашето духовно раѓање.   Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата во вредностите на покајанието и прочистувањето, како и споделувањето на добрина и љубов. Прочистувањето на човековата душа значи празнување на убавите мисли и дела, човекољубие и милосрдие. Симболиката на чистината ја зацврстува нашата верба да продолжиме да ги почитуваме верските различности и религиозните посебности според христијанските начела за мир, заедништво и слога, стои во честитката на претседателот Иванов.

19.01.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега