Индиски научници создале вакцина против смртоносниот ротавирус

 

Во Индија била создадена евтина вакцина против опасниот ротавирус, кој може да предизвика смртоносна дијареја, од која во Индија годидшни умираат 100,000 деца. 

Вирусот предизвикува дехидрација и тешка дијареја поради што умираат 453.000 деца годишно, а најголема закана пртставува за африканските и азиските деца, на кои не им е достапна итната медицинска помош.

К. Виџарагаван од индиското Одделение за биотехнологија, еден од учесниците во создавањето на новата вакцина, под име „ротавак“, истакна дека таа е производот на меѓународна соработка и дека треба да биде одобрена од индиските здравствени власти.

- Вакцината е подготвена за производство, се применува орално, а ќе чини еден долар по доза. За имунизација против дијарејата потребнио се три дози, истакна Виџарагаван.

„Ротавак“ ќе ја произведува компанијата „Барат бајотек фармасјутикалз“ од Хајдербад.

Ротавирусот е одговорен за 884.000 случаи на хоспитализација во Индија годишно, што земјата ја чини 3,4 милијарди рупии (72 милиони долари)

најчитано сега