Лошо полувреме за македонските ракометари

Македонската ракометна реперзентација го одигра можеби најлошото полувреме на Европското првенство во Данска. За 30 минути постигнавме само 9 гола наспроти Унгарците кои реализираа дури 16 пати. Слабо функционира одбраната уште послабо нападот. Не ни оди ниту од линијата за 7 метри од каде Лазаров промаши дури 3 пати, што е повеќе од сите негови промашувања на ова првенство заедно. 
Унгарците се расшутираа од зад линијата за 9 метри.
Надежите се дека во вториот дел ќе прикажеме подобра игра кој ќе ни даде простор да се надеваме на поволен резултат. 

18.01.2014 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега