Средба Груевски-Ишлер: Турција останува поддржувач и пријател на Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со вицепремиерот во Владата на Турција, Емрулах Ишлер, кој престојува во посета на Македонија.

На средбата премиерот  посочи дека Македонија е отворена за турските инвеститори кои во државата гледаат атрактивна бизнис дестинација што може да се заклучи и од досегашните конкретни инвестиции на повеќе турски компании. Притоа Груевски ги истакна поволностите за инвестирање што ги нуди државата како основа за јакнење на економските односи помеѓу државите.

Турскиот вицепремиер посочи дека турската Влада активно делува на поттикнување на интересот за инвестиции и за остварување на интензивна економска и трговска соработка меѓу двете држави и додаде дека Турција останува верен пријател на Македонија.

18.01.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега