На Шумахер ќе му биде подобро - пронајдена среќната амајлија која два пати му го спаси животот
Состојбата на Михаил Шумахер е стабилна, а нова добра вест поврзана со него е дека е пронајдена неговата среќна амајлија која му е подарок од сопругата, а до сега му го спасила животот два пати.
По несреќата која се случи на 29 декември сопругата на седумкратниот шампион на Формула 1, Корина, почнала потрага за среќната амајлија на легеднарниот возач. Амајлијата која ги носи имињата на сите членови на семејството Корина му ја подарила во 1995 година, а тој ја носел со себе на секоја трка.
И самиот Шумахер верува дека оваа амајлија му го спасила животот во текот на несреќите кои ги доживеа за време на трките. Да се надеваме дека и овојпат ќе му донесе среќа!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа