Министерот Попоски на Комитетот на министри на Советот на Европа

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на  123-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, што ќе се одржи во Стразбур.

На состанокот ќе се разгледуваат повеќе актуелни теми од сферата на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Европа што се во надлежност на Организацијата. 

Министерот Попоски ќе се сретне со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и со Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, како и министрите за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс и на Луксембург, Жан Аселборн.

ФОТО: Влада 

најчитано сега