Маглата нема да си замине, ни доаѓа и дожд - какво време не очекува наредната недела?

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од пет до 13 степени.

Скопје повторно ќе го покрие магла, а во вечерните часови ќе има дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и појава на магла во котлините. Умерениот јужен ветер што ќе дува во понеделник ќе ги намали условите за појава на магла. Температурата и понатаму ќе се задржи релативно висока за овој дел од годината. Намалување на дневната температура се очекува од среда, а на утринската веќе од четврток. 

18.01.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа