"Одлична дестинација за инвестиции" - специјална едиција за Македонија во влијателниот магазин Форбс

Во последното декемвриско издание на влијателниот магазин Форбс, повторно се пишува за Македонија која може да се пофали со една од најдобрите економски политики во Европа.

Македонија може да се пофали со една од најдобрите економии во Европа. Регистриран е пораст на БДП од 3,4% во првите шест месеци од 2013 година, повеќе од 3% од европскиот просек. За таква мала земја со површина од и 25.713 квадратни километри, население од нешто повеќе од 2 милиони граѓани, Македонија удира добро над својата тежина во економска сила, инвестициските потенцијали и изгледите за развој. Благодарение на потпишаниот договор за слободна трговија со ЕУ, ЕФТА и моќните Турција и Украина, Македонија обезбедува преференцијален пристап на пазарот на повеќе од 650 милиони потрошувачи, се наведува во декемвриското издание на Форбс.

Со наслов Одлична дестинација за инвестиции" преку кус разговор со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, се пишува дека Македонија има четврт најнизок јавен долг во Европа.

- Македонија е динамична европската економија, со цврста макроекономските основа. Го имаме најатрактивниот доночен режим во Европа, а во технолошко-индустриските развојни зони обезбедуваме 10 години ослободување од данок, па дури и парични стимулации. Со рамен данок од 10% и неоданочување на реинвестирана добивка, Македнија има цел да им дозволи на оние што генерираат капитал во земјава да ги користат придобивките на краток рок со цел да стимулираат поголема инвестција на подолг рок. Странските инвеститори во зоните извезуваат една петтина од вредноста на извозот и тој тренд ќе продолжи со влез на повеќе производствени капацитети во 2014 и понатаму, потврдува Зоран Ставрески.

- Вклучувајќи се на брзата лента патека за привлекување компании и добивање лиценци , како и зајакнување во делот на заштитата на инвеститорите, во согласност со насоките на ЕУ за економски развој владата на Груевски ја донесе својата Национална стратегија за одржлив развој во 2010 година, усвојувајќи принципи за креирање политики кој ќе им овозможат на приватиот сектор да биде директно вклулен во процесот , потенцира Ставрески.

Во текстот се посветува внимание и на бизнис-можностите кои ги нуди земјава.

18.01.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега