Ангеловски: Обезбедивме втора фаза без четворица играчи (ВИДЕО)
Бранислав Ангеловски вели дека треба да бидеме свесни дека сме ја обезбедиле втората групна фаза без четворица играчи.
-Треба да бидеме свесни дека ја обезбедивме втората групна фаза и за прв пат пренесовме два бода и тоа во период во кој игравме без четири ракометари. Ги немавме Мојсоски, Лазаров, Вугринец и Прибак. Добро е што сега Немања Прибак ќе може да настапи, бидејќи во овој момент му е неопходен на оваа репрезентација со лимитираниот број на ракометари на надворешните позиции. Мислам дека направивме голема работа, а јас од секогаш верував во овие ракометарите и во нивната приврзаност кон репрезентацијата. Тука не застануваме. Секоја шанса која ќе ни се укаже подготвени сме да ја зграпчиме„ рече битолчанецот меѓу триумфот со Австрија и очекувањата за првиот меч од втората фаза против Унгарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа