Вонредна состојба во Калифорнија поради досега невидена суша
Поради најтешката суша во последните сто години, гувернерот на Калифорнија Џери Браун денеска прогласи вонредна состојба.
Сушата тешко го погодува земјоделското производство во Калифорнија, додека шумите ги голтаат пожари. Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на Калифорнија да добива и помош од федералните органи во борбата со сушата.
Гувернерот Браун апелираше и на граѓаните на Калифорнија потрошувачката на водата да ја намалат за барем 20 отсто.
18.01.2014 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа