Откриени се нов вид на мравки кои ги претвораат другите мравки во робови

Германски биолози неодамна во САД идентификува нов вид мравки, кои ги заробуваат другите мравки и ги претвораат во робови, користејќи ја техниката на инфилтрација, слично како нинџа воините.

Новиот вид, од типот Temnothorax, што опфаќа неколку стотина видови мали мравки кои живеат на дрвја и на шумското тло, е наречен „pilagens“, што на латински значи „ограбувач“, поради начинот на кој упаѓаат во туѓите мравјалници за да од нив ги извлечат мравките кои ќе им служат како робови.

За разлика од познатите мравки-робосопственици од шумите во Амазон, кои се движат во напад со 3.000 војници, Temnothorax pilagens тоа го прават посуптилно, во далеку помал број, прикрадувајќи му се на непријателот.

Биолозите од Универзитетот во Мајнц и Природниот музеј Сенкенберг во Герлиц не забележале ништо слично за време на упадот на нинџа-мравките во туѓиот мравјалник. Не само што нивните жртви не се бранат, туку го пуштаат непријателот да им ги однесе ларвите, па дури и возрасните единки кои подоцна ќе работат како ропска сила.

18.01.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега