Што пишуваат српските медиуми за Даниел Кајмакоски?

Српските медиуми на големо пишуваат за нашиот натпреварувач на Икс Фактор, Даниел Кајмакоски, кој го освои цел Балкан со својот талент и скромност. Српскиот Курир, прикажувајќи ја песната "Нежна како принцеза", на нашиот Даниел, која тој ја отпеал на фестивал во 2009 година, велат дека многумина говорат дека токму тој е новиот Тоше Проески кој ќе ги освои сите со својот глас.

Инаку, до сега Даниел поминува одлично на настапите на шоуто и ги има симпатиите од публиката. 

За потсетување, Даниел на последниот настап каде и пееше песна од нашиот ангел Тоше Проески изјави дека никој не може да му забрани да ги пее неговите песни и дека дефинитивно Тоше е еден и единствен и никој не може да го замени!

18.01.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега