Маглата повторно ќе царува - какво време да очекуваме викендов?

Времето изутрина во Македонија ќе биде магливо и со ниска облачност, а во крајниот северозападен дел ќе има услови за краткотраен локален дожд. Преку денот видливоста ќе се зголемува. На повисоките места и на планините ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во поголемиот дел од земјава ќе се задржи претежно тивко со умерен ветер на планините и на повисоките места.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде претежно облачно и тивко со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни. Во вторник кон среда на планините и на некои повисоки места во западните и југозападните делови од земјава се очекуваат и врнежи од снег. 

18.01.2014 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега