Среќен крај: 75 годишниот Трајче е пронајден

Семејството на 75 годишниот Трајче Трајчевски од Скопје конечно може да здивне. По 3 дена поминати во неизвесност, старецот конечно е пронајден. Како што не информираа од неговото семејство, по објавата на неговата слика, добиле информации дека тој е во болницата 8ми Септември во Скопје и дека е во стабилна здравствена состојба. Како што велат, бил малку премрзнат, но фала му на Бога жив.

17.01.2014 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега