Јоновски: Ќе играм против Унгарија
Ацо Јоновски е добар и веќе не чувствува болка. Првиот човек во одбраната на македонската репрезентација вели дека е подготвен да му се стави на расплоагање на селекторот Обрван
"Вчера навистина почувствував болка во пределот на тетивата, но денеска немам никаков проблем и го нормално го одработев тренингот. Добар сум и утре ќе настапам на натпреварот", изјави Јоноски за клупската веб страница на Металург.
Од утре во македонскиот дрес влегува и Немања Прибак. Тој најверојатно ќе го замени Никола Марковски
17.01.2014 - 23:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа