Нови проблеми за ракометарите: Ацо Јоновски е повреден
„Командантот“ на одбраната на нашата репрезентација Ацо Јоноски, е неизвесен за утрешниот натпревар со Унгарија откако го пропушти вечерашниот тренинг. Селекторот Ивица Обрван на прашањето на чие место ќе биде Немања Прибак, одговори:
- Ќе сочекаме до утре на повреда на ахиловата тетива се жали Ацо Јоноски, но се надевам и дека тој ќе биде во составот и дека и покрај болката ќе истрча утре против Унгарија. Во тој случај ќе отпадне Никола Маркоски.
Инаку, повредениот Никола Стојчевски денеска се врати во Македонија каде ќе биде под третман по повредата на препоните.
17.01.2014 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа