Папата Франциск го освои светот - еве зошто!

 

Поглаварот на Римокатоличката црква за кратко време стана еден од омилените папи на сите времиња. Еве 10 причини зошто целиот свет го сака Папата Франциск.

1. Не живее во палата
Папата Франциско одбил да се пресели во папската палата, туку одлучил да живее во Домот на света Марија во Ватикан, каде со другите кардинали бил сместен во време на конклавата, а тоа е она со што веднаш на почетокот освои многу луѓе.

2. Не се однесува како ѕвезда
Мишел Фери, 14-годишно момче од Италија, бил многу тажен по смртта на својот брат, кој бил убиен за време на еден грабеж. На Фејсбук објавил статус дека не може да му прости на Господ и напишал писмо до папата Франциско.

Меѓутоа, момчето многу се изненадило кога неколку дена подоцна папата го повикал и поразговарал со него за да го утеши, а тоа е само една ситуација во која папата телефонски им се јавувал на верниците кои не можеле да веруваат дека разговараат со поглаварот на Католичката црква. 
Меѓу другото, се вози со автобус, 30 години старо Рено 4, носи железен крст и генерално се разликува од своите претходници кои изгледале како рок ѕвезди.

3. Папата Франциско го воодушеви светот на Плоштадот Свети Петар, прегрнувајќи го Винцио Рива, човек кој страда од тешка кожна болест, неурофиброматоза.

- Не ни размислуваше за тоа дали ќе ме прегрне. Не сум заразен, но тој тоа не го знаеше. Но, сепак ме прегрна. Ме милуваше по лицето, а јас почувствував само љубов – рече Винцио.

4. Фотографира селфи 
Фотографиите на папата Франциско кој со тинејџери се фотографирал во Црквата на свети Августин во Рим, станаа вистински хит на социјалните мрежи.

Медиумите веднаш ги преплавија насловите во кои се спомнува изразот селфи, збор кој неодамна влезе во Оксфордскиот речник, а се однесува на лична фотографија снимена со мобилен телефон или со камера.

- Не станува збор за некаков маркетинг. Папата едноставно сака да биде со луѓето, исто како што и неговиот претходник сакаше да го поминува времето со книгите – рече Бепе Севернини, колумнист на италијанскиот весник Кориере дела Сера.

5. Работел како обезбедување
Папата Франциско во младоста работел во обезбедување во бар во Буенос Аирес. Освен како обезбедување, работел и како чистач на подови и асистент во хемиска лабораторија.

6. Не ги осудува хомосексуалците, ни жените
Кога се вратил од Бразил папата Франциско изјавил дека хомосексуалците не треба да се осудуваат ниту да се маргинализираат. 
Разговарајќи со новинарите рекол: - Ако некој е хомосексуалец, а го бара Бога и има добра волја, кој сум јас да му судам. 
Неговите искази за теми за истополни љубовни односи се многу повеќе помирливи од ставовите на неговиот претходник, папата Бенедикт 16.

Зборувајќи за можноста за свештенички жени, папата рече дека Црквата на тоа не се спротивставува, но и додаде дека улогата на жената не смее да се ограничува. – Не можеме да ја ограничуваме улогата на жената во Црквата само на претседателка на хуманитарни организации. Мора да постои повеќе од тоа – рече тој.

7. Имал мотор Харли и го продал за да помогне на бездомниците
Папата Франциско порано возел Харли Дејвидсон кој го добил на подарок во април кога 35.000 мотоциклисти и вљубеници во овие мотори поминале низ Рим, за да ја прослават 100 годишнината од американскиот мотоциклистички бренд, а ако тоа не ви е доволно, треба да потсетиме и дека го продал на аукција, а парите од продажбата ги донирал за обнова на Каритас која помага на бездомниците во Рим.

8. Ги разлути мафијашките босови и смета дека корумпираните треба да се заврзат за камен и да се фрлат во море.

9. Не се оптоварува со глупости
Во тек на проповед на миса во Домот на света Марија, папата Франциско меѓу другото се осврна и на укажувањата на Девицата. 
Папата го коментираше првото читање на Книгата на мудроста: - Духот на љубопитноста не оддалечува нас од Духот на мудроста, бидејќи се што не интересира се исклучиво детали, вести, мали приказни на денот. Ох, како сето ова ќе се заврши? Духот на љубопитноста не е добар. Тоа е дух на растресеност, оддалечување од Бога, дух на претерано зборување – пренесе Ромерепортс. 
Сето ова не тера Господ да го бараме на погрешни места и не тера да кажеме: - Познавам пророк кој прима пораки од Богородица – на што папата одговори: - Гледајте, Богородица е мајка на сите нас и сите не сака. Директорот на поштата не е тој кој секој ден ни праќа пораки!

10. Го прослави роденденот со бездомниците и сака фудбал

Папата Франциско појадуваше со четворица бездомници, а потоа одржа миса во Домот на света Марија, каде живее откако е именуван за поглавар на Католичката црква. 
Во текот на попладнето го прими својот омилен фудбалски тим, Сан Лорензо, кој неодамна ја освои титулата аргентински првак. 
Меѓу другото, се зборува дека навечер излегува од својата резиденција и ги храни сиромашните.

17.01.2014 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа