Ердоган: Ќе се откажам од синот доколку е вмешан во корупција

 Ако некое од моите деца е вмешано во корупција ќе се откажам од него, ова го изјави турскиот премиер поради објавата „Хуриет дејли њуз“ дека неговиот син е можно да биле вмешани во корупција.

- Во тек е пропаганда за оцрнување што ја шири опозицијата спрема моите деца. Ќе кажам сосема јасно дека ако некое од децата ми е вмешано во каква било корупција, јас ќе се откажам од него, изјави тој.

Во турските медиуми беше објавено за учество на Билјал Ердоган во сомнителни зделки со недвижности и за врски со саудиски бизнис кругови. Тврдењата на медиумите се дека во вториот бран од антикорупциската истрага, синот на Ердоган требало да биде приведен, но тоа не било извршено оти од случајот бил разрешен обвинител.

Министерот за правда денеска изјави дека не била издадена наредба за апсење или приведување на помалиот син на Ердоган. 

17.01.2014 - 18:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега