Претсетателот на банката Залм држел говор пред вработените облечен како транвестит

За да ги направи корпоративните говори поинтересни претседателот на холандската банка Залм на вработените им се обрати облечен како транвестит, во светло сино здолниште, со ракавици во златна боја и перика на главата.

Поранешниот холандски министер за финансии се појави на собирот во лик на својата „сестра“, Присила, сопственик на бордел објаснувајќи дека банкарите би можеле многу да научат од „неа“.

“Каде се сокри она купувачите се во право секогаш, кое важеше со векови? Тоа мото и понатаму е на сила во мојата бранша. А, банките неодамна слушнаа за него”, наведе алтер егото на Залм.

Видео снимката на говорот на Залм е видена повеќе од 75.000 пати откако беше поставена на интернет, a портпаролот на банката изјави за Би-Би-Си дека банката има традиција за кабаретска шега и вработените организираат такви забави од 2005 година.

17.01.2014 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега