Добил казна затвор зошто исмејувал монах
Филипос Лоизос од Грција , отворил страница на Фејсбук за исмејување на православниот монах Пајсија Светогорски, прогласен е за виновен за богохулење и е осуден на десет месеци затвор.
Повеќе илјади Грци на Фејсбук изразија незадоволство поради апсењето на 28-годишниот Лоизос во 2012 година, кој иметот на монахот Пајсија (Paisios) го замени со името на традицоналното грчко јадење од тестенини и мелено месо (pastitsios)
"Тој само се занимаваше со сатира во земја каде сатирата е родена", изјави адвокатот на Лоизос, додавајќи оти немал намера да ја навреди Грчката православна црква.
Отец Пајсиј во Грција е многу почитуван поради духовното учење, а некои негови приврзаници тврдат дека тој бил видовит. Пајсиј почина во 1994 година.
Лоизос е обвинет за бавреда на религијата и злонамерно богохулење, а против него е подигнато обвинение откак случајот во грчкиот Парламент го изнесе пратеник од десничарската партија Златна зора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа