Претседателот Оланд ја посети сопругата Валери во болница

Претседателот  Франсоа Оланд ја посети синоќа Валери Триервеилер во болницата, каде е примена минатиот петок откако магазинот „Клозер“ ја објави репортажата за врската меѓу претседателот и актерката Жули Гаје.

Информацијата за посетата на Оланд на Триетвиелер ја потврди Елисејската палата, откако повеќе весници објавија дека лекарите не му дозволуваат на претседателот да ја посети неговата официјална придружничка.

Триервеилер се наоѓа во болницата „Питие-Салпетриер“ во Париз, поради големата слабост, како што наведуваат  нејзините блиски.

Претседателот Оланд вети дека ќе ја расчисти ситуацијата во неговиот приватен живот пред посетата на американскиот претседател Барак Обама, што е предвидена на  11 февруари.

Најновото издание на „Клозер“ денеска објави нови детали од врската меѓу претседателот и актерката, која според магазинот трае скоро две години.

Гаје поднесе тужба против „Клозер“.

17.01.2014 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега