МекДоналдс во Македонија добива нов газда?

Неколку дена да не доаѓаат на работа им било кажано на вработените од Мекдоналдс во Македонија, пишува Лидер.

Повикувајќи се на  неофицијални извори, порталот дознава дека се правел попис на имотот. Дали ќе се продава франшизата и ќе има промена на сопственичката структура, засега нема одговор од раководството на компанијата.

Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара внатре во компанијата. Со “Мекдоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирма која е во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, поранешен прв човек на “Скопска пивара“. Во рестораните во “Мекдоналдс“ во Македонија вработени се над 200 луѓе.