Првата дама на Франција се препила со апчиња откако дознала за аферата на Оланд?
Медиумите деновиве пишуваат дека првата дама на Франција, сопругата на претседателот Франсоа Оланд, веднаш откако дознала за веста за неговата љубовница пробала да се отруе со апчиња, по што итно била пренесена во болница. Засега лекарите му препорачуваат на претседателот да не ја посетува бидејќи состојбата се уште е ризична и тоа би можело да влијае уште понегативно на неа.
Медиумите открија дека актерката Жули Гаје е љубовница на претседателот, а оваа вест многу ја погоди неговата сопруга која веднаш кога дознала се онесвестила и се напила голема доза на апчиња. Извори тврдат дека таа сепак не се обидела да се убие за бракот кој и се распаѓа, туку дека е пренесена во болница бидејќи е во многу лоша состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа