Сарачини и Кралев на Технолошки парк во Универзитот на ЈИЕ во Тетово

 

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ќе биде отворен Технолошки парк на кој ќе присуствуваат министерите за економија и за образование и наука, Ваљон Сарачини и Панче Кралев.

Со технолошкиот парк формиран од ЈИЕ ќе се обезбедат систематски услови за создавање, развој и имплементација на иновации, тестирање за сертификација, промоција и комерцијализација на резултати од иновациските дејности, како и усвојување и примена на глобалните технолошки трендови.

најчитано сега