ВИДЕО: Сите погледи свртени кон Борко Ристовски - еве што вели македонскиот голман по вчерашниот триумф

 

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, вчера одигра неверојатно успешни 60 минути против Австрија и уште еднаш беше прогласен за играч на натпреварот.

По натпреварот, сите погледи беа свртени кон него, кон неговата подготовка и мотивација:

-Одигравме квалитетен натпревар против селекција која бараше исто така можност за пласман понатаму и победа. Но, на крајот ние бевме подобрите, посреќните, поквалитетнитe. Не сакавме да оставиме да чекаме што ќе се случи на дуелот меѓу Данска и Чешка затоа одевме на триумф. Во секој случај многу исцрпувачки натпревар, пред се на психолошки план. Мислам дека ова е најдобриот старт на еден голем настан за нашата селекција. Со една победа во следниот круг мислам дека ќе бидеме меѓу најдобрите осум на ЕП во Данска што би било голем успех, рече Борко Ристовски, по втор пат од три мечеви во нашиот табор со епитетот - играч на натпреварот.

ВИДЕО: Kiril Lazarov 

 

17.01.2014 - 13:08
Фото: 
А1Он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега