Индија: Произвеле пиштол и го именувале по силувана студентка

Првиот пиштол за жени беше произведен од страна на Индиска фабрика за оружје и е именуван по студентката, која почина како последица на бруталното групно силување во декември 2012 година, а чија смрт покрена бран протести поради насилството врз жените во Индија.  

Компанијата смета дека малиот и лесен пиштол, со тежина од 500 грама, ќе им помогне на жените да се одбранат, но критичарите сметаат дека со производството на овој пиштол се навредува сеќавањето на починатата девојка.

Станува збор за најмалиот пиштол на државната фабрика за оружје, кој е наречен „Нирбек“, што е синоним за Нирбаја.

17.01.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега